УСЈЕ и жителите на Припор засадија 5.500 нови садници

21

Во општината Кисела Вода во близина на населбата Припор, никнува нова шума. Вработените на Цементарница Усје АД Скопје и жителите на населбата Припор во заедничка акција засадија 5.500 садници. Садниците ги обезбеди УСЈЕ, а сите 5.500 дрвца ќе имаат и соодветен систем за наводнување, со што ќе се овозможат соодветни услови за растење на садниците. Во оваа акција се засадени 3.000 чемпреси, 2.000 багреми, 250 тополи во висина од 5 метри и 250 јавори во висина од 3,5 метри. Засадените садници во вегетативен период ќе имаат капацитет за апсорпција на 900 кг јагленрод диоксид и да произведат 600 кг кислород по хектар дневно.

„Унапредувањето на заедницата и грижата за животната средина се врвен приоритет на УСЈЕ. Сите акции во оваа насока ги организираме во партнерство со нашите соседи, жителите на општината Кисела Вода, бидејќи грижата за околината е наша заедничка одговорност и мисија. Продолжуваме да реализираме низа активности во оваа насока и во следниот период“, истакна Борис Хрисафов, главен извршниот директор на УСЈЕ.

УСЈЕ редовно има акции за пошумување и хортикултурно уредување во општината Кисела Вода. Секоја година на иницијатива на компанијата, во рамките на проектот Партнерство со училиштата, се реализираат хортикултури проекти за садење на нови садници, цвеќе и комплетно уредување на зелениот појас во образовните институции и јавните простори за релаксација и забава. Само во изминатите 5 години има засадено повеќе од 90.000 дрвца во кругот на компанијата и нејзината околина.

УСЈЕ редовно учествува во националните акции како Ден на дрвото, Македонија земја на розите и други, но и самостојно организира активности за вработените и соседството за пошумување во околината на компанијата.