Вип ја заокружува првата фаза од Вип едукативна програма Интернетот не е само игра… Кликај безбедно, која во периодот од февруари до јуни во учебната 2017/2018 година опфати повеќе од 700 четврто-одделенци од 10 основни училишта во 8 општини на територијата на град Скопје.
“Нашата заложба е да ги научиме најмладите како исправно и безбедно да користат интернет, како да ги заштитат своите лични податоци и да ги стекнат неопходните компетенции за вклучување во општественото живеење во ерата на дигитализацијата. Среќни сме што како општествено одговорна компанија, заедно со нашите партнери на проектот, Министерството за образование и наука и Бирото за развој на образованието на РМ го поведуваме трендот за едукација на најмладите за тема која претставува неограничен ресурс за учење и надградба на идните генерации. Успешната реализација на предавањата се потврда за исправноста на нашата одлука, да испорачуваме дополнителна вредност за сите чинители на општеството, особено за најмладите во чии раце е иднината, а се надевам дека веќе во септември ќе продолжиме и ќе опфатиме уште поголем број на ученици” – изјави Елена Ристовска, раководител на одделот за Корпоративни комуникации на Вип.
Во рамките на 60-минутните предавања, повеќе од 15 волонтери од Вип, на интересен и забавен начин, преку практични примери и ситуации, на децата им ја доловија суштината на интернетот, со особен фокус на безбедноста при користењето на светската мрежа.
Последното предавање со кое се заокружи првата фаза од Вип едукативната програма Интернетот не е само игра…Кликај безбедно беше во O.О.У. Браќа Миладиновци во о. Аеродром каде беа опфатени 37 ученици од две паралелки од четврто одделение. Директорот на училиштето, г. Тони Димов ја поздрави програмата и истакна дека проекти од ваков вид се особено важни за надополнување на формалното образование на децата, јакнење на нивните капацитети и подготовка за реалниот свет, притоа акцентирајќи ја важноста од постоењето на континуирана соработка помеѓу корпоративниот сектор и училиштата.
Програмата се реализираше во соработка со Министерството за образование на Република Македонија, а со одобрение на Бирото за развој на образованието. Во првиот бран на активности кој се спроведуваше во периодот од февруари до јуни 2018 година, програмата опфати 717 четврто одделенци од 10 основни училишта на територијата на град Скопје и тоа ОУ Гоце Делчев, ОУ 11 Октомври, ОУ Коле Неделковски, ОУ Владо Тасевски, “ОУ Јоаким Крчовски, ОУ Вера Јоциќ, ОУ Ацо Шопов, ОУ Васил Главинов, ОУ Браќа Миладиновци и ОУ Кузман Јосифовски -Питу.
Проектот Интернетот не е само игра. Кликај Безбедно е дел од иницијативата Интернет за сите на Телеком Австрија Групацијата, која во Македонија започна во 2013 година со предавања за децата на вработените и нивните соученици на возраст од 9 до 12 години во просториите на Вип.
Повеќе информации за Вип и едукативната програма Интернетот не е само игра. Кликај Безбедно се достапни на веб страницата на Вип – www.vip.mk