Успешно заврши Еуролинк летната балетска школа

25

 

eurolink-osiguruvanje

На 17 јули се одржа завршниот час на Летната балетска школа организирана од страна на Еуролинк осигурување. Балетската школа започна на 26 јуни и во текот на три недели младите учесници, ги изучуваа вештините и основните техники на класичниот балет.

Летната балетска школа помина со многу забава, а на завршната претстава којашто беше направена со многу труд и љубов, учесниците презентираа што сé научиле последните три недели пред своите најблиски.

Еуролинк заедно со балетскиот првенец Горан Божинов, на сите учесници им додели сертификат за успешно завршена балетска школа со надеж дека традиција и љубовта кон балетот нема да завршат тука и ќе претставува дополнителен мотив во нивната идна професионална определба.

Овој проект е дел од корпоративната платформа за општествена одговорност Еуролинк – Вашата врска со вистинските вредности.