Усвоен анексот на договор со ТАВ за активирање на средствата наменети за 99 инфраструктурни проекти

123

Владата на Република Северна Македонија вечерва ја одржа редовната 33-та седница на која е утврден текстот на Анексот на Договорот за концесија склучен помеѓу Република Северна Македонија и ТАВ Македонија ДООЕЛ.

Со анексот практично е ставена во функција одлуката за распределба на средствата што беа предвидени за карго аеродром во штипско и со која финансискиот износ за таа намена сега се пренаменува за 99 инфраструктурни проекти за 75 општини во државата, како и за проширување на капацитетите на аеродромските згради во Скопје и Охрид.

Фото: Freepik