Усвоен ДУП за Блокот 10 за градење во Расадник, Гевгелија

51

Советот на општина Гевгелија го усвои деталниот урбанистички план за Блокот 10.

Имено, со оваа одлука им се излегува во пресрет на заинтересираните инвеститори за градење во населбата Расадник. Според  планот предвидено е урбанизирање на простор со површина од 56 хектари на кои се предвидени локации за станбени згради, мали и големи трговски центри, хотелски и угостителски капацитети, како и други придружни објекти и содржини.

Покрај овој, се очекува наскоро Советот да донесе уште неколку од вкупно 25-те урбанистички планови за градот Гевгелија, кои се во постапка и три за населените места Негорци, Прдејци и Мрзенци кои се ставени на јавна расправа, информираат од општината.