Утре прекин на железничкиот сообраќај Скопје – Велес

22

МЖ Транспорт АД-Скопје соопшти дека утре, 04.01.2014 година, возовите кои сообраќаат на релација Скопје-Велес и обратно нема да бидат пуштени во употреба. Причината за прекин во сообраќајот, велат од претпријатието, е од техничко-технолошки карактер.
На патниците кои ги користат услугите на возовите 613 (Скопје-Гевгелија), 643 (Скопје-Битола), 651 (Скопје-Кочани), ќе им се обезбеди автобуски трансфер од Транспортниот центар во Скопје до Велес, од каде ќе можат да продолжат со патувањето со воз во двата правци.
На 4 јануари воопшто нема да сообраќаат возовите со броеви 2082 и 2083 кои возат на релација Скопје-Велес-Скопје.