В недела завршува летното сметање на времето

19

Вечерта меѓу 26 и 27 октомври со поместување на стрелките на часовникот за еден час наназад ќе заврши летното сметање на времето. Тоа значи дека во недела на 27 октомври во три часот по полноќ стрелките на часовникот треба да се вратат на два.

Летното сметање на времето е воведено во 1916 година во земјите на Северна Европа, а од тогаш оваа практика ја прифатиле 70 земји. Истото започнува да се пресметува последниот викенд во март и трае до последниот викенд во октомври.