Вабтек МЗТ прикажа загуба од 33,9 милиони денари во 2015 година

39

vabtek mzt

Компанијата Вабтек МЗТ, во период од први јануари до 31-ви декември 2015 година, прикажа загуба од 33.978.000 денари, покажува билансот на успех објавен на Македонска берза.

Една година претходно, компанијата работеше со загуба од 74.399.000 денари.

Вкупните приходи од продажба на Вабтек МЗТ се позиционираа на ниво од 1.142.959.000 денари, од кои на домашен пазар се реализирани само 9.412.000 денари, додека поголемиот дел од 1.133.547.000 денари се остварени на пазари во странство.

Основна дејност на Вабтек МЗТ е производство на сопирачка опрема за шински возила.