Вабтек МЗТ со загуба од 40,9 милиони денари за шест месеци

21

vabtek-mzt

Вабтек МЗТ во периодот јануари – јуни оваа година работеше со загуба од 40.985.000 денари, покажува билансот на успех објавен на Македонска берза.

Во текот на првите шест месеци од минатата година, компанијата прикажа добивка од 34.577.000 денари.

Вкупните приходи од продажба, заклучно со 30-ти јуни оваа година, имаа вредност од 397.197.000 денари. Од тој износ, на домашен пазар се остварени 5.319.000 денари, додека поголемиот дел од 391.878.000 денари е остварен на пазари во странство.

Основна дејност на компанијата е производство на сопирачка опрема за шински возила.