Вабтек МЗТ за три месеци оствари загуба од 2,3 милиони денари

30

vabtek mzt

Компанијата Вабтек МЗТ од први јануари до 31-ви март оствари загуба од 2.303.000 денари, стои во билансот на успех објавен на Македонска берза.

Истиот период претходната година, загубата на компанијата беше 7.185.000 денари.

Вкупните приходи од продажба во првото тримесечје од 2016 година беа 339.603.000 денари, од кои на домашен пазар се реализирани само 3.079.000 денари, додека поголемиот дел од 336.524.000 денари отпаѓаат на реализација на пазари во странство.