Вакцина или вотка?

106

Русите се гордеат со тоа што се меѓу првите во светот што создадоа вакцина против Ковид-19. Но, здравствените власти апелираат до населението да пијат алкохол околу два месеци, за да може вакцината да ја покаже својата ефикасност. Тие велат дека вакцината Sputnik V, којашто се дава во две дози за период од три недели, нема да никаков ефект ако се консумира алкохол.

Не се препорачува да се пие алкохол две недели и шест недели по примање на вакцините, што за Русите, кои важат за големи обожаватели на алкохол, е прилично долг временски период, пишува Euronews.

На социјалните мрежи и во медиумите се појавија огромен број на коментари, а еден од нив е дека пола земја нема да создаде имунитет против коронавирусот и покрај тоа што има вакцина.

Според податоците на Светската здравствена организација, меѓу 2003-та и 2016-та година, консумацијата на вотка во Русија е намалена за 43%.

Фото: Freepik