Вакцината AstraZeneca преименувана во Vaxzevria

60

Компанијата AstraZeneca го смени името на својата вакцина против коронавирусот, која се соочува со недоверба поради забележаните несакани ефекти во одредени земји.

Британско-шведската фармацевтска компанија ја преименува својата вакцина против коронавирусот, па сега е наречена Vaxzevria, наместо вакцина “AstraZeneca Covid-19“.

Во соопштението за печатот компанијата истакна дека промената на името не значи промена во составот на вакцината, но дека е добро медицинските работници да бидат запознаени со новото име поради различното пакување и етикета.

Европската агенција за лекови (ЕМА) минатата недела го одобри новото име за вакцината, кое веќе се наоѓа на официјалната веб-страница на Агенцијата.

Фото: facebook