Вакцината против Ковид-19 како “златна кокошка“ за фармацевтската индустрија

38

Аналитичарите од Wall Street проценуваат дека фармацевтските компании Pfizer и Moderna ќе генерираат 32 милијарди долари приходи од вакцината против коронавирусот и тоа само следната година.

Во тие 32 милијарди долари не е пресметан нематеријалниот имот на двете компании, односно нивната репутација што ќе порасне бидејќи тие компании имаат директно влијание врз запирање на пандемијата, пренесува CNN.

Посебно силен скок на goodwill е евидентиран кај Moderna, биотехнолошка компанијата за која ретко кој знаеше сè до моментот кога не почна да ја развива вакцината.

Според проекциите на Morgan Stanley, Pfizer следната година би остварил приходи од 19 милијарди од вакцината, а до крајот на годинава тие ќе бидат на ниво од 975 милиони долари. Pfizer ќе ги подели приходите со BioNTech, германска компанија со којашто ја развиваше вакцината.

Проценките велат дека Pfizer во 2022-ра и 2023-та година ќе оствари дополнителни 9,3 милијарди долари од продажба на вакцината, сè додека поголемиот дел од населението не биде вакцинирано.

Во меѓувреме, акциите на BioNTech пораснаа за скоро 300%, подигнувајќи ја пазарната капитализација на скоро 30 милијарди долари.

Вакцината на Moderna ќе ѝ донесе вредност од 62 милијарди долари. Цените на акциите пораснаа за дури 700%, а во Morgan Stanley се проценува дека половина од пазарната вредност на компанијата е поврзана со вакцината против коронавирусот.

Фото: Freepik