Вашингтон воведува данок на богатство – колку ќе платат Безос и Гејтс

93

Според новите законски предлози кои ги подготвува Вашингтон, Џеф Безос би требало да плати околу две милијарди долари, за данок на богатство.

Како дел од напорите да се намали нееднаквоста и да се надополни недостигот на данок на доход на државата, законодавците од Вашингтон предлагаат данок на богатство од 1% за богатство над милијарда долари.

Законодавците велат дека данокот би обезбедил околу 2,5 трилиони долари годишен приход.

Сепак, даночните експерти велат дека државниот данок на богатство би бил претерано зависен од четворица богаташи кои го сметаат Вашингтон за свој дом: Освен Безос, тоа се и Бил Гејтс, Мекензи Скот и Стив Балмер.

Џеред Валзак од Даночната фондација напиша дека 97% од даночните приходи ќе доаѓаат од четворицата милијардери.

Безос, со богатство од околу 200 милијарди долари, би должел околу две милијарди долари годишно според новиот данок. Гејтс со богатство од околу 135 милијарди долари би должел околу 1,3 милијарди долари, додека Балмер околу 870 милиони долари. Поранешната сопруга на Безос, мекензи Скот, би должела околу 600 милиони долари годишно.

Но, критичарите на овој предлог велат дека оваа четворка може да се преселат во друга држава за да избегнат даноци.

Фото: Freepik