Важна лекција што Илон Маск ја научил на потешкиот начин

219

Може ли да се научи иновацијата? Одговорот е Дa, смета Илон Маск, еден од најиновативните претприемачи во модерната ера. Како што наведува, сè се сведува на одговарање на неколку едноставни прашања.

Дали сте пробале?

“Првиот чекор би бил, пробај. Дали сте  пробале? Дали се потрудивте? Ако не сте пробале, пробајте“, вели Маск. Иновативноста не е мистериозна работа, додава тој. “Треба да бидете апсолутен перфекционист во врска со производот или услугата што ја правите, а тоа не е големо откритие. Само подобрете го вашиот производ. Тоа е она што навистина е важно“, вели Маск.

Како можете да го подобрите?

“Барате негативни повратни информации од сите страни, од клиенти и од луѓе кои не се клиенти“, рече тој. Додека го правите ова, треба да ги поставите истите прашања и себе си и луѓето кои работат со вас. Размислете што би сакале да имате. Разговаравме неколку пати во Теsla за фактот дека не го сакаме овој производ, но сметаме дека ќе им се допадне и на другите. И знаете, тоа навистина не функционира така. Ако не ти се допаѓа, не очекувај од другите дека ќе го сакаат тој производ“, истакнува Маск.

Дали поминувате премногу време во конференциски сали?

Ако ви се чини дека трошите многу време на презентации и буџети, работите погрешно. Тоа е последица, а не причина. Затоа, само излезете, бидете во продавници и разговарајте со клиентите “, вели Маск.

Тоа е лекција што тој самиот ја научи на потешкиот начин  и додава:Кога поминувам премногу време во конференциски сали, работите обично одат наопаку. А, кога поминувам време во фабрика, го користам користам автомобилот или  почнувам да размислувам за ракети, тогаш работите се подобруваат. Бидејќи кога сте во фабрика и со вработените, правите да бидат поактивни. Помислете на војна. Дали сакате да го видите генералот скриен некаде или на фронтот? Војниците ќе се борат посилно ако генералот е со нив “, заклучува тој.

Фото: Facebook