Важност на енергетската ефикасност за граѓаните и животната средина

18

1

На овогодинешниот Саем на градежништво посебен фокус е ставен на енергетската ефикасност. Објектите трошат околу 40% од енергијата и 40% од ресурсите, коишто се произведуваат на глобално ниво и поради тоа тие се едни од најголемите придонесувачи во продуцирањето на стакленички гасови.

Оптималното искористување на ресурсите и на енергијата во домовите и во работните средини сè повеќе не е луксуз и привилегија, туку е услов којшто треба да обезбеди подобра иднина. Од енергетските показатели може да се забележи дека 40% од енергетските потреби на Република Македонија се за задоволување на потребите на домаќинствата.

За време на Саемот, контролори од областа на енергетската ефикасност ги презентираат мерките и придобивките од воведување на системи и методи за енергетска заштеда. Промоцијата на енергетските контролори на Саемот на градежништво и Саемот на недвижности Real Expo е поддржана од Швајцарската Амбасада во Република Македонија во склоп на Програмата за зголемување на пазарната вработливост (IME – Increasing Market Employability) имплементирана од  Swisscontact и ПРЕДА Плус.

Граѓаните сè повеќе се интересираат за придобивките од енергетската ефикасност и за да се увиди нивниот интерес беше направено видео истражување, коешто може да се погледне на: https://www.facebook.com/ime.org.mk/videos/1260242370732286/.