Веганскиот старт-ап Beyond Meat излегува на берза

84

Американскиот старт-ап за производство на веганска храна, Beyond Meat, следниот месец за прв пат ќе излезе на пазарот на хартии од вредност, пишува BBC.

Стартапот на берзата планира да понуди 8,75 милиони акции по цена од 19-21 долари, а според проценките калифорниската компанија би можела да достигне вредност од 1,2 милијарди долари.

Со оваа сума Beyond Meat, којашто е поддржана од производителот на месо Tyson и Бил Гејтс, би станала фирма “еднорог“.

Во 2018 година приходите на компанијата достигнаа 87,9 милиони долари, што е значително повеќе од сумата во 2017 година, којашто изнесуваше 32,6 милиони долари.

Фото: Beyond Meat