Велика Британија наскоро ќе добие хибридни такси возила

26

britansko-taksi-hibrid

Британската компанија за производство на такси возила, London taxi company, планира производство на хибридни автомобили од 2019 година, пишува Autoexpress.

Новото британско такси возило го носи името TX5 и ќе добие комплетно нов дизајн и боја. Хибридниот автомобил ќе има трицилиндарски бензин мотор, а батеријата ќе овозможи со полнење да се поминат над 110 километри.

Во ова еколошко возило ќе има простор за шест патници и има можност за поставување инвалидска количка.

London taxi company е британска автомобилска компанија со седиште во градот Ковентри. Од 2012 година е во сопственост на кинескиот производител на автомобили Geely.