Велика Британија пробно воведува ковид сертификати

61

Велика Британија пробно воведува систем за сертификати за ковид статус за масовни настани, како што се фудбалски натпревари, во наредните неколку недели, што е еден од начините за олеснување на епидемиолошките рестрикции.

Во соопштението од Downing Street потврдуваат дека Велика Британија планира да издава сертификат којшто ќе покаже дали лицето е вакцинирано, има антитела на Ковид-19 или негативен тест.

На оваа одлука се противат дел од пратениците на владејачката Конзервативна партија на британскиот премиер, Борис Џонсон.

Властите уверуваат дека тој пробен проект ќе “овозможи сигурно отворање на ризични собири со повеќе учесници“.

Една доза од вакцината против Ковид-19 примија 31 милион Британци, а две дози над пет милиони.

Фото: Pexels