Велика Британија забрани реклама за купување биткоини

Британската национална регулаторна агенција за огласување забрани рекламна кампања во којашто на луѓето од Велика Британија им се порачува дека е “време за купување“ биткоини, оценувајќи дека се манипулира со јавноста.

На постери на платформата за тргување со криптовалути Luno, поставени низ лондонското метро и на автобусите низ британската престолнина, прикажана е слика на биткоин и порака: Ако под земја гледате биткоин, време е за купување.

На овој начин во кампањата е употребена игра на зборови со поимот underground (под земја) којшто во англискиот јазик означува метро.

Фото: Pexels