Велосипед од дрво како одлично решение за градскиот метеж

157

bough-bike

Холанѓаните Јан и Пит Гуневег, се дизајнери на првиот дрвен и електричен велосипед, што беше претставен на фестивалот Goed во Бруклин, Њујорк.

За изработка на овој велосипед, креаторите користат материјали со врвен квалитет, а главната суровина е дабовото дрво, што го има во изобилие во источна Франција.

dizajneri

Овој велосипед, што има две брзини и има можност за електрично полнење, тежи околу 20 килограми, а чини од 1.500 до 2.500 евра. Дизајнерите на овој велосипед сметаат дека нивниот производ ќе привлече повеќе луѓе да го користат нивниот дрвено-електричен велосипед наместо автомобил во метежот во Њујорк.

FDB_42961

Според дизајнерите, овој велосипед нуди прекрасно возење бидејќи колку и да е нерамна површината по која се движи, дрвената конструкција ги амортизира вибрациите. За нив врвниот квалитет и одличниот дизајн се приоритет при изработка на овие велосипеди, кои од друга страна пак се целосно еколошки и не ја загадуваат животната средина.