Vendor – нова платформа која ја редефинира е-трговијата

36

На 23-ти јуни, во конференциската сала на Музејот на македонската борба во Скопје, се одржa официјално претставување на Vendor, првата автоматизирана платформа за е – трговија.

Претставници на ИТ Компании, банки, шпедиции, бизнисмени, новинари и други гости имаа можност за првпат да се запознаат со сите компоненти на оваа нова платформа.

Браќата Милосавлески, идејни креатори на Vendor, најавија дека е време да ги поместат границите, да ги подигнат стандардите и да ја доведат електронската трговија на она ниво кое го заслужува.

Во креирање на платформата учествуваа повеќе од 20 програмери од Македонија и Србија.

Vendor овозможува да креирате врвна електронска продавница со само неколку клика, да поврзете виртуелен ПОС терминал, да интегрирате систем за следење на пратки и многу друго. Направен е за да ги подготви бизнисите за предизвиците на успешната е – трговија.

Голем број на компании веќе нема да мораат да живеат со секојдневните главоболки што им ги задаваат електронските продавници, како лошите дизајни, континуирано доплаќање за секоја мала услуга, потребата од ангажирање на програмери и дизајнери, поставување payment методи несоодветни за Балканот, испораката на производи… и уште многу други.

Платформата им овозможува на компаниите да интегрираат систем за водење на залихи, магацини, продавници, да прават напредни извештаи, фактури, испратници, препратници и сè што им е потребно во овој дел. Еден систем кој ги заменува сите други.

Настанот го модерираше Гораст Цветковски, а покрај основачите на настанот се обратија и релевантни претставници на е-commerce заедницата.

Виктор С. од АЕТМ говореше за нелојалната конкуренција и сивата економија, Верица С. од Уни Банка ги истакна проблемите на недоверба кај луѓето при користење на онлајн методите за плаќање како и цената на користење на овие услуги, и Џино Ш. од Фалкон Лоџистик говореше за проблемите со кои секојдневно се соочуваат куририте со наплата и достава на пратки.

Во главниот дел браќата Бобан и Дејан Милосавлески ја презентираа новата платформа Vendor и најавија дека целосно ќе ја редефинираат електронската трговија во Македонија.

Втората панел дискусија ја водеа дел од техничките лица кои стојат позади платформата и се дискутираше за користење на најнови технологии како React.js и предностите што ги нудат истите.

Настанот заврши со овации и краток коктел, а секако и најважното – први септември, односно датумот кога ќе можеме сите да ја користиме новата платформа.