Венеција ќе го удвои бројот на денови во 2025 година, во кои на туристите ќе им се наплаќаат посети, изјави градоначалникот на Венеција, Луиџи Бруниаро, пренесува Би-би-си.
Тој нагласи дека целта е да се обесхрабрат туристите да го посетат градот во текот на истите денови, „да ѝ се даде на Венеција заслужената почит“.
Како што јавува Би-Би-Си, патниците кои резервираат однапред ќе треба да платат пет евра за престој во овој италијански град во одредени денови меѓу април и јули, што ќе се зголеми на 10 евра ако резервираат помалку од четири дена однапред.
За потсетување, оваа такса првпат беше воведена минатиот април и опфаќаше 29 дена, главно викенди и државни празници, во тој четиримесечен период.
Овие давачки, јавува Би-Би-Си, ќе се применуваат секој петок до недела и државни празници помеѓу 18 април и 27 јули 2025 година, за вкупно 54 дена.
Сите посетители на возраст над 14 години ќе треба да ја платат оваа такса на своите телефони и да преземат QR-код за да им го покажат на инспекторите, кои по случаен избор ќе ги проверуваат луѓето.
Оние без билет ризикуваат да добијат парична казна, пишува Би-Би-Си.
Како и со претходната наплата, ќе бидат ослободени лицата со резервации за хотели и гости, како и жителите на регионот Венето, студентите запишани на Универзитетот во Венеција и оние што ги посетуваат роднините кои живеат во Венеција.