Венските заболувања се проблем на модерниот начин на живот

1273
dr
Примариус доктор Киро Георгиевски, спец. трансфузиолог во Градска Општа Болница 8 септември

Еден од проблемите на денешницата е прекумерното седење и намалената физичка активност, што се причинители за појава на многу заболувања. Работата понекогаш нè врзува да поминеме осум часа во седната положба или на нозе. Уморот на крајот на денот си го прави своето и некако не ни останува сила да излеземе надвор да се раздвижиме, а уште помалку да спортуваме. Прекумерното седење, стоење и намалената физичка активност и уште неколку фактори како пушењето, генетската предиспозиција, зголемената телесна тежина придонесуваат за проширени и воспалени вени, таканаречени варикозни вени. На оваа тема разговаравме со примариус доктор Киро Георгиевски.

БИ: Какво заболување е хроничната венска болест и кои се ризик факторите за појава на истата?

Хроничната венска болест е заболување кое што е многу често. Но сепак, многу малку се посветува внимание на овие проблеми. Пациентите одат на лекар дури кога ќе настанат посериозни проблеми, а не кога ќе ги забележат првите симптоми. Тоа може да биде замор, чувство на тежина во нозете, болни и жешки нозе, појава на ноќни грчеви… Луѓето бараат помош дури откако вените ќе се воспалат. Главен проблем кај проширените и воспалени вени е пореметување на функцијата на таканаречените валвули што се наоѓаат во венскиот систем, чија функција е задржување на крвта да не се враќа назад. Лечењето не е лесен процес и доколку не се реагира на време, многу е тешко повторно да се нормализира функционирањето на овие валвули. Единствено што може да се направи е да се стопира процесот на болеста којашто е прогресивна. Крајната последица доколку не се третира хроничната венска болест е појава на рани. Проблеми со проширени и воспалени вени има над 56% од популацијата во светот, а поголем број од нив се жени. Ризик фактори што влијаат на овие заболувања се пушењето, зголемената телесна тежина, генетиката, прекумерното седење и стоење и недостаток од физичка активност.

veni

БИ: Кој е најсоодветниот третман за венските заболувања и колку е ефикасна компресивната терапија?

Постојат неколку видови на терапии, орална терапија што подразбира примање на одредени венотоници коишто ги прават вените поцврсти, терапија за подобрување на периферната циркулација за да нема застој на крвта и на овие терапии се надополнува компресивната терапија. Денес дури 70% од лекувањето отпаѓа на компресивната терапија. Тука спаѓаат еластичните завои, односно краткиот и долгиот еластичен завој и компресивните чорапи. Носење на компресивни чорапи на запад е стил на живот. Дури богатите авиокомпании на прекуокеанските летови даваат еластични чорапи за случајно некој патник не добие тромбоза и да се спречат евентуални грчеви за време на летот. Крајно решение за оваа болест е операција, отстранување или затворање на вените. Може да се направи вештачка тромбоза, да не тече повеќе крв во неа и со тоа да се изгубат проширените вени. Има уште две методи, ласерска и метода со радиофреквентни бранови. Најважно е при сите овие три процедури лекарот што ја изведува интервенцијата да биде добро обучен. Откако овие третмани ќе бидат направени, пациентот треба да ги носи компресивните чорапи.

БИ: Дали пациентите ги прифаќаат компресивните чорапи и на што треба да внимаваат при нивно користење?

3Пациентите почнуваат сè повеќе и повеќе да го разбираат проблемот на хроничната венска болест и се многу задоволни од носењето на чорапите. Само по една недела, главните тегоби како оток, тешки уморни нозе, чешање, грчеви и слично исчезнуваат. Денес чорапите од овој тип се со градуирана компресија, што значи дека најмногу стегаат во долниот дел и како продолжува нагоре, стегањето опаѓа. Кај нас ги има во Медикус Хелп, едни од нив се чорапите елеганс коишто се толку добро исткаени што воопшто не изгледаат дека се компресивни чорапи. Еден пар чорапи доколку правилно се одржуваат можат да се носат шест месеци без да ја изгубат својата еластичност, односно компресијата. Пациентите треба да бидат исклучително внимателни кога одбираат вакви помагала, односно да разликуваат чорапи со компресија и чорапи со градуирана компресија. Се носат од сабајле до вечер или кога е активен пациентот.

БИ: Постојат ли некакви контраиндикации од носењето на овие чорапи?

Кога станува збор за контраиндикации, особено внимателни треба да бидат дијабетичарите и оние кои имаат лоша периферна артериска циркулација. Пред употреба на компресивни чорапи задолжително треба да се направи Ankle-brachial index. Тоа е еден вид тест којшто открива дали пациентот има правилна артериска циркулација пред да се премине кон компресивната терапија. Многу пациенти грешат кога купуваат чорапи на своја рака без претходно направени испитувања како доплер и горенаведениот индекс.

veni 2

БИ: Дали трудници смеат да користат компресивни чорапи?

Кај бремените жени проширените и воспалени жени не се ретка појава. Тие треба многу да внимаваат, особено ако во нивната фамилија има луѓе со вакви проблеми, ако во текот на бременоста се качат повеќе килограми, ако се случат одредени промени во хормоналниот статус и доколку бремената жена послабо се движи. Сето ова може да направи проблем со вените. За среќа, постојат специјални чорапи и хулахопки и за нив.

БИ: Може ли да се превенира појавата на венски заболувања?

Кога станува збор за превенција, физичката активност е број еден. Една прошетка од 2-3 километри може многу да значи, не само за овој проблем, туку и за превенција од многу други болести. Тука спаѓаат и правилната исхрана, здравиот начин на живот, како и носење на превентивни еластични чорапи, што е веќе стил на живеење на запад.