Verizon официјално го купи интернет гигантот Yahoo

27

yahoo

Фото: Facebook

Американската телекомуникациска компанија Verizon официјално го купи интернет гигантот Yahoo за 4,48 милијарди долари откако беше најавено во јули минатата година.

Yahoo и AOL ќе станат нова дигитална компанија под управа на Verizon и ќе се вика Oath, пишува Washington Post. Целта на Verizon е да го искористи влијанието на Yahoo да се натпреварува со Facebook и Google во онлајн рекламирањето.

Verizon во 2015 година го купи интернет гигантот AOL (America Online) за 4,4 милијарди долари. Оваа аквизиција на Verizon му даде пристап до напредната технологија што ја разви AOL за продажба на реклами и обезбедување на високо квалитетни веб видеа.

Извршната директорка на Yahoo Мариса Маер ќе поднесе оставка, а ќе добие отпремнина од 23 милиони долари во согласност со договорот.