Вештачка интелигенција ќе ја оценува продуктивноста на вработените

46

Поради пандемијата, голем број компании во последните неколку месеци се “преселија“ во домашни услови, па тоа ја зголеми побарувачката на софтверски решенија за надзор на работата на вработените.

Некои менаџери беа исплашени дека поради новонастанатата ситуација и условите во коишто ќе работат, нивните вработени ќе бидат помалку продуктивни и исполнителни.

Една од компаниите што нудат такви софтверски решенија е Enaible. Станува збор за софтвер чиј надзор е активен додека трае работното време и во позадина ги следите сите податоци врз основа на коишто може да се мери ефикасноста и продуктивноста на вработените. Овој софтвер, на пример, ја следи брзината на реакцијата на вработениот, кога ќе добие одредена задача по мејл, колку брзо и успешно ја реализира, пренесува MIT Technology Review.

Врз основа на податоците, со помош на вештачка интелигенција, работникот ќе добие оценка за неговата работа, а со таа оценка претпоставениот ќе може да ја развива стратегијата за човечки ресурси во компанијата.

Фото: Freepik