Вештачки дијаманти – засекогаш и за сите

40

Pandora е првиот производител на накит во светот што прави голем чекор кога се во прашање вештачки изработени дијаманти, потенцирајќи дека ја менува стратегијата.

Данскиот производител продава најголема количина на накит од било која друга компанија во светот. Тоа вклучува 85 милиони парчиња, со само кај 50.000 од нив има природни дијаманти.

Сега Pandora ќе почне да продава накит користејќи вештачки дијаманти, коишто се идентични како и природните, бидејќи ги имаат истите визуелни и хемиски карактеристики.

“Нашите дијаманти не се само засекогаш, туку и за сите. Доколку сакате да потрошите 5.000 или 10.000 долари за еден прстен, тогаш најверојатно не сте од заедницата на Pandora. Најважно е да ги направиме продуктите достапни за сите“, вели Александер Лачик, главен извршен директор на Pandora за Financial Times.

Вештачките дијаманти на Pandora се направени со 60% енергија од обновливи извори.

Фото: Facebook