Времето во Македонија денеска ќе биде умерено облачно, со повремени врнежи од дожд и ветровито.
Ќе дува умерен северен и северозападен ветер, а во западните предели ќе дува умерен североисточен ветер. Ветерот ќе достигне брзина и до 30 километри на час. Утринските температури ќе се движат од минус два до пет степени, додека максималните дневни температури ќе се движат од четири до 12 степени.
Во Скопје повремени врнежи од дожд и температура до девет степени.