Везе Шари почна со увоз на млечните производи Mueller Milch од Германија

75

mullermilch.schoko

Македонската компанија Везе Шари, заедно со своите партнери, стана ексклузивен застапник и увозник на млечните производи на германскиот бренд Mueller Milch (https://www.muellermilch.de/).

За прв пат, производите на овој познат бренд во млечната индустрија ќе се најдат на трпезите на граѓаните во Македонија.

joghurt 2

“Успешно ја продолжуваме и ја продлабочуваме соработката со нашите германски пријатели. За прв пат, производите на брендот Mueller Milch ќе бидат достапни на нашите граѓани. На овој начин, докажуваме дека Везе Шари е компанија којашто нуди квалитет и работи согласно европските стандарди затоа што сме ексклузивни увозници на производите на овој бренд“, вели Беким Иљази, маркетинг менаџер во компанијата.

Mueller MIlch произведува многу популарни брендови јогурт, вклучувајќи ги Müllerlight, Müllerice, Yogz и Muller Froop (ванила јогурт со мус овошје на врвот). Најпопуларните вкусови јогурт се направени со лимон, малина, праска, боровинка, цреша, кајсија и јагода. Секоја година, компанијата промовира егзотичен вкус на јогурт.

schoko pudding

Со овој чекор, велат од компанијата Везе Шари, се проширува соработката со германските партнери и се зголемува корпоративното портфолио. Везе Шари е познат македонски бренд за производство на јајца, кој продава на македонскиот пазар и на пазарите на НАТО Алијансата.

Mueller Milch Групацијата од мала селска фамилијарна млекара во далечната 1896 година прераснува во еден од најголемите гиганти во прехранбената индустрија со преку 27.000 вработени и 6,5 милијарди евра промет. Групацијата вклучува голем број компании, како што е оригиналот Molkerei Alois Müller GmbH & Co. KG and Müller Dairy (Велика Британија). Тоа е најдобро познат по својата палета јогурти, вклучувајќи ги и трговските марки Müller Corner и пијалоци базирани на свежо млеко.  Во рамките на групацијата познати брендови се Нордсее, Лиснер, Хоман, Саксен Милк. Mueller млечните производи се светски познати по своите овошни јогурти и пудинзи.