Ви замрзнаа стаклата и бравите на автомобилот?

93

Возачите мака мачат наутро, бидејќи од ниските температури во текот на ноќта, многу лесно замрзнуваат стаклата, ретровизорите и бравите од автомобилите. Со овие трикови, ќе можете многу полесно да се сместите во автомобилот наутро и да се упатите безбедно на работното место.

“Магична“ течност – на пазарот може да се најдат специјални средства за одмрзнување, но може да си направите и во домашни услови. За тоа потребно е: еден литар алкохол, еден децилитар вода и една мала лажичка детергент за миење садови.

WD40 – овој спреј може да ви помогне да ги заштитите бравите од замрзнување. Доволно е да шприцнете мала количина на бравата и таа нема да замрзне во текот на ноќта.

“Ќебе“ за автомобили – доколку сте во можност прекријте ги стаклата на автомобилот или барем само шофершајбната со картон или некоја ткаенина што нема да дозволи мрзнење

Овој совет е можеби најважен: никогаш не се обидувајте да одмрзнете замрзнато стакло со врела вода, бидејќи може да пукне особено ако е претходно оштетено.

Фото: Pexels