ВИДЕО: Римац објави ново видео. Вака го развивме робот-таксито Верн

Мате Римац објави ново видео во кое, како што вели, подетално го открива робот-таксито, кое како што дознавме минатата недела се вика Верн.

Сакавме да навлеземе малку подетално и да покажеме како стигнавме до каде што сме денес“, вели Римац на почетокот на разговорот.

„Развивањето на конвенционален автомобил е ужасно долг и сложен процес што не можат многу луѓе да го направат“, вели Римац.

„Кога се развива конвенционален автомобил, обично се зема одредена конкуренција, некои претходници или производители кои веќе имаат некои модели и се тргнува од тоа. Сакавме да направиме нешто сосема поинакво: автомобил развиен од нула за да ги искористи сите предности на автономното возење“, рече Римац.