Виена инвестира две милијарди евра во јавен превоз

29

Виена инвестира две милијарди евра во развој на трамвајската мрежа. Како главна причина за инвестицијата се наведува потребата од модернизација и подобрување на квалитетот на јавниот превоз.

“Во нашиот град има повеќе продадени годишни билети за јавен превоз, одошто регистрирани возила“, изјави Мајкл Лудвиг, градоначалник на Виена.

Модернизацијата на инфраструктурата ќе овозможи зголемување на бројот на возови, што треба да достигне до 200, а во текот на еден ден во Виена ќе сообраќаат не 70, туку 900 трамваи.