Виенската берза слави 250 години постоење

35

Берзата во Виена оваа година прославува 250 години постоење. По тој повод, оваа година на едно место ќе обедини домашни и меѓународни експерти кои треба да разговараат за иновации и иднината на економијата.

Виенската берза ја основала Марија Терезија во 1771-ва година поради што се вбројува во една од најстарите берзански институции во светот.

“Марија Терезија ги донесе прогресивните умови во Виена, го поттикна економскиот живот и постави камен темелник на берза којашто и денес има значајна улога. На претприемачите сега им е потребна храброст, безбедност и капитал во надминување на последиците од пандемијата“, вели австрискиот претседател, Александер Ван дер Белен.

На виенската берза на почетокот се тргувало со обврзници, меници и девизи. Берзанските посредници се задолжени за лесно одвивање на трговијата и добивале провизија за посредување во работата.

Првото акционерско друштво што котирало на берзата во 1818 година била Австриската национална банка. Од мај 1991-ва година, воведен е австрискиот берзански индекс ATX, а тргувањето преку електронскиот систем XETRA од 1999 година се одвива дигитално во целост.

Фото: Twitter