Викендов автобусите ќе сообраќаат до 20 часот

57

Од Јавното сообраќајно претпријатие Скопје (ЈСП) информираат дека претстојниот викенд (24-ти и 25-ти април), јавниот превоз ќе сообраќа до 20 часот.

Утре, нема да сообраќаат градските линии 41А и 43 и приградските линии 54, 55А и 65Б.

Во недела, нема да сообраќаат градските линии 41А, 42, 43 и 73 и приградските линии 54, 55а, 64 а, 65Б, 118, 167 и 180.

Сите билетарници и центри за персонализација утре, сабота (24.04.2021 год) ќе работат од 7 до 18:30 часот.

Во недела (25.04.2021 год), центрите за персонализација нема да работат, а дежурни ќе бидат три билетарници.

Од 7 до 18:30 часот, отворени ќе бидат билетарниците на Зелен пазар и Транспортен центар, а билетарницата во Ѓорче Петров ќе работи од 7 до 13:30 часот.

Фото: Facebook