Викендов ќе се прска против комарци во Скопје

12

Град Скопје ги известува граѓаните дека третиот наврат на аеросолната дезинсекција (авионска) против комарци ќе се изврши викендов, сабота и недела, од 5:30 до 8 часот.

Третиот наврат на дезинсекцијата од земја (терестрична) против комарци ќе се одвива следната недела, од 8 до 12 јули, од 1 до 5 часот.

Доколку временските услови не го дозволуваат вршењето на аеросолната дезинсекција, таа ќе се изврши првиот нареден термин, кога временските услови ќе бидат поволни. Во согласност со тоа ќе се извршува и терестричната дезинсекција.

Се известуваат пчеларите навремено да ги преземат потребните мерки за заштита на пчелите.