Винарите да го исплатат ланското грозје до крајот на месецов

28

Сите винарски визби да го почитуваат законскиот рок за плаќање на минатогодишниот род грозје, порача директорот на Државниот инспекторат за земјоделство Румен Стаменов по синоќешната средба со лозарите и винарите во Кавадарци.

“Исплатата на грозјето откупено лани треба да заврши до крајот на овој месец. Ги имаме предвид интересите и на лозарите и на винарите и се грижиме и за едните и за другите бидејќи тие се составен дел на лозаровинарството. Лозарите не можат без винарите и обратно”, истакна Стаменов.

Според него, полека се издвојуваат оние кои навреме плаќаат и поради тоа, се повеќе ја добиваат довербата кај лозарите. За производителите исплатата на грозјето се уште е најголем проблем.