Вино Скоп од 20-ти до 24-ти септември во Скопје

29

 

vino

Од 20-ти до 24-ти септември во Скопје ќе се одржи 11-тото издание на реномираниот фестивал којшто го слави виното – Вино Скоп 2017, стои во соопштението.

Локацијата, како и минатата година ќе биде на плоштадот Мајка Тереза пред МОБ, а на фестивалот ќе земат учество најдобрите македонски винарии.  Вино Скоп ќе понуди петдневно будење на сите сетила – уживање во пијалакот на боговите, различни вкусови, различни бои и мириси испреплетени со традицијата на убавото македонско вино, храна и музика.

Мотото на овогодинешниот Вино Скоп е – Да ја дочекаме есента заедно!