Винодонија 2016 – прв вински настан од едукативен карактер во Македонија

18

1fd25c96-01a5-4f54-bfc7-87b8daec8449

Винодонија 2016 е првиот вински настан од едукативен карактер во Македонија, којшто има за цел подигнување на винската култура во земјава и развој на нашиот винскиот регион.

Како што информираа организаторите, станува збор за прв настан од овој тип кој се одржува во земјава, на којшто публиката ќе има можност да дегустира вина од над 30 винарии од Македонија и Балканот, како и да учествува во над 10 работилници на кои, помеѓу другото, ќе се спарува вино и чоколадо, вино и храна, и ќе има можност да се дегустира просеко и шампањ.

Претседателот на здружението на Сомелиери на Македонија, Александар Вучковски, истакна дека Винодинија 2016 нуди вистински пристап кон виното, нешто коешто не може да се добие на забавно – конзуматорските вински манифестации кои досега се организирани во Македонија.

“Публиката ќе има можност во пријатна, елегантна атмосфера да дегустира вино, да добие едукативни информации директно од енолозите и луѓето кои вклучени во производството на виното и на тој начин да се запознаат со најновите стилови и трендови во виното“, рече Вучковски, кој очекува дека овој настан ќе прерасне во традиција.

Интернационалниот вински судија, Ивана Симјановска, информираше дека во рамки на салонот ќе бидат организирани и едукативни настани наменети не само на винската публика, туку и за претставниците на винската индустрија, коишто ќе имаат можност да се запознаат со најновите дострели на винскиот маркетинг и со начините за зголемување на продажбата на вино во угостителскиот сектор.

Винскиот салон Винодонија ќе се одржи на 11-ти и 12-ти ноември, во хотел Мериот, во центарот на Скопје. Организаторите најавуваат присуство на винарии од Македонија, Србија, Словенија, Црна Гора, Бугарија и Италија, кои пред македонската публика ќе се претстават со автохтони вински сорти и стилови.