Вип: Брз интернет и фиксна линија за 499 денари со Vip Combo box

39

02

Телекомуникацискиот оператор Вип го воведува пакетот Vip Combo Box со којшто корисниците го добиваат најдоброто решение за пристап до брз интернет и фиксна линија дури и во најоддалечените места во Македонија, велат од компанијата.

Со новиот Vip Combo Box, корисниците добиваат уред којшто e лесен за користење и има едноставна инсталација, уредот станува функционален со едноставно приклучување во струја.

Дополнително, со Vip Combo Box корисниците ја имаат можноста да изберат меѓу пакетите со две, три или четири услуги и да уживаат во неограничен интернет и неограничени разговори во фиксна и мобилна телефонија и во до 50 телевизиски канали по најатрактивни цени на пазарот.

“Vip Combo Box е совршен избор за сите корисници кои сакаат брз интернет и фиксна телефонија за својот дом и за сите оние кои летните денови ги поминуваат во викендички, дури и за оние кои имаат потреба од брз интернет на своето работно место. Со Vip Combo Box интернет е достапен не само во урбаните, туку и во руралните средини, а едноставниот начин на приклучување и користење го прави овој производ уште поатрактивен. Ние во Вип секогаш им нудиме повеќе на нашите корисници, а со нашиот Vip Combo Box ги исполнуваме барањата и потребите на корисниците за слободна и неограничена комуникација по најдобра цена “, изјави Димитар Ковачевски, Извршен директор на оне.Вип.

За месечна претплата од 499 денари корисниците го добиваат Vip Combo Box 2 со неограничен брз интернет и можност за фиксен телефон. Со Vip Combo Box 3 за месечна претплата од 799 денари корисниците добиваат неограничен брз интернет, неограничени разговори кон сите фиксни национални мрежи и телевизија со до 50 ТВ канали. Со Vip Combo Box 4 корисниците ја добиваат можноста да искомбинираат четири услуги и да добијат дополнителен попуст.