ВИП со нови тарифни модели во мобилната постпејд телефонија  

54

kovacevski-izjava-vip-novi-ponudi-1

Телекомуникацискиот оператор  Вип најавува четири нови постпејд тарифни модели прилагодени кон комуникациските потреби на секој член од семејството, стои во соопштението.

Новото Vip Family тарифно портфолио нуди можност корисниците да уживаат во долги разговори, интернет со 4G брзина и тоа со намалена месечна претплата.

VipFamily се состои од четири тарифни модели и тоа: VipFamily Hype, Vip Family Hero, Vip Family Hero+ и Vip Family Senior. Сите оние кои сакаат да се постојано онлајн со 4G брзина можат да го изберат супер атрактивниот VipFamily Hype тарифен модел, а со избор на Vip Family Hero или Vip Family Hero+ корисниците добиваат неограничени разговори и СМС пораки кон сите национални мрежи како и 4G интернет.

“НашeтоVip Family портфолио е совршен избор за корисницитена мобилната телефонија и уверен сум дека во богатиот избор на тарифни моделисекој член од семејството ќе го пронајде совршениот пакет што ќе одговара дури и на оние со најспецифични комуникациски потреби. Специјално креираните Family пакети, наменети за секој член на семејството ги сметаме за наша огромна предност дотолку повеќе што на корисниците освен висококвалитени и неограничени услуги во мобилната телефонија  им нудиме најконкурентна цена што секако ќе значи и заштеда во семејниот буџет”, изјави Димитар Ковачевски, извршен директор на Вип.

Со Vip Family Hype за месечна претплата од 449 денари , корисниците добиваат 6 GB 4G интернет, неограничени разговори кон сите корисници од големата Вип заедница, како и100 минути кон други национални мрежи. Vip Family Hero кој е достапен за месечна претплата од 599 денари е наменет за сите корисници кои сакаат долги разговори. Оние кои ќе се одлучат за овој тарифен модел добиваат неограничени разговори и СМС кон сите мрежи и 3GB4Gинтернет. Со Vip Family Hero+ за 999 денари месечна претплата корисниците добиваат неограничени разговори кон сите мрежи, неограничени СМС пораки , 6GB интернет и 50 минути за меѓународни разговори. Со Vip Family Senior кој е наменет за пензионери,за месечна претплата од само 249 денари, корисниците можат да уживаат во неограничени разговори кон сите корисници од големата Вип заедница и добиваат вклучен 500MB мобилен интернет.

Тарифните модели од Family портфолиото можат да се комбинираат и во рамки на Комбо пакетите на Вип кои вклучуваат: мобилнателефонија, фиксна телефонија, интернет и телевизија.

Family тарифните модели се промотивни и достапнисо договор на 24 месеци за нови и обновени договори за сите физички лицакои имаат активна најмалку една Вип мобилна линија со месечна претплата од 550 денари или ќе активираат барем 2 Vip Family мобилни линии од кои една е со минимална месечна претплата од 550 денари.