Виртуелен дочек на Нова година во дигитализирана Нотр Дам

20

Композиторот и еден од основоположниците на електронската музика, Жан Мишел Жар ќе одржи виртуелен концерт во дигитализирана верзија на црквата Нотр Дам, којшто ќе може бесплатно да се следи во живо на социјалните мрежи, а го спонзорира UNESCO.

Жар ќе свири во живо од студио, што се наоѓа во близина на катедралата, а неговиот аватар ќе се појави во дигитализирана верзија на црквата и ќе се продуцира на неколку платформи.

Концертот под името Добредојдовте на другата страна би требало да почне во 23:25 часот, а ќе трае 45 минути.

Инаку, катедралата Нотр Дам беше тешко оштетена во голем пожар минатата пролет, а градежните работи и поправи сè уште траат.

Фото: Facebook