Виртуелната кабина на Audi прогласена за внатрешна иновација на годината

27

Остра, блескава, со висок контраст – со овие квалитети виртуелната кабина на новиот Audi TT го освои жирито, а со тоа и наградата Автомобилски ентериери за 2014 година. Audi го обезбеди првото место за своите внатрешни иновации при производство на возилата. Најдобрите светски дизајнери, добавувачи, иновации и производи од областа на автомобилска внатрешна опрема беа прогласени на свечената церемонија.