Visa го купува стартапот Plaid за 5,3 милијарди долари

Компанијата Visa најави дека го купува стартапот Plaid  за сума од 5,3 милијарди долари.

Овој американски фин тек, со седиште во Сан Франциско, е основан пред осум години, а лани од инвеститорите успеа да собере 2,6 милијарди долари. Минатата година Plaid двојно го зголеми бројот на корисници и достигна 2.600. Најголемиот дел од нив се од САД, Велика Британија, Франција и Ирска.

Инаку, Visa има пазарна капитализација од 420 милијарди долари, а само лани регистрираше приходи од 23 милијарди долари. Како главни причини поради коишто го купува Plaid  е тоа што овој старт – ап соработува со познати фин тек апликации во САД, а исто така, ќе има и пристап до широка база на клиенти на коишто може да им обезбеди дополнителни услуги за плаќање, пишува Forbes.

Фото: Pexels