Visa ќе дозволи плаќања со криптовалутата USD Coin

125

Американската компанија за картички Visa, објави дека ќе прифати плаќања со криптовалутата USD Coin во својата мрежа до крајот на годината.

Со дигиталната платформа за плаќање и со криптовалути Crypto.com, компанијата започна пилот програма за плаќање во USD Coin, а кој треба да вклучува и други компании до крајот на годината.

USD Coin е криптовалута чија вредност е фиксирана со курсот на доларот.

Visa се одлучи за проектот откако неколку големи финансиски компании, вклучувајќи ги Mastercard, BNY Mellon и BlackRock, овозможија исплата со крипто-валута, а аналитичарите заклучија дека крипто-валутите ќе станат составен дел од инвестициските портфолија.

Ветерот во грбот на криптовалутите беше најава од минатата недела од страна на лидерот на производители на електрични автомобили Илон Маск, дека клиентите во иднина ќе можат да плаќаат за неговите автомобили со биткоини.

“Забележуваме дека потрошувачите ширум светот сè повеќе бараат пристап до дигиталните валути и нивно користење и задржување, а нашите клиенти сакаат да создадат производи кои ќе им овозможат на потрошувачите пристап“, вели челникот на одделот за крипто-валути на VIsa Кај Шефилд.

До сега, ако, на пример, клиент сакаше да плати кафе со Visa картичка Crypto.com, дигиталната валута во неговиот крипто-паричник прво ќе се претвори во традиционални пари. Е-паричникот потоа би ги депонирал парите на банкарската сметка, која на крајот Visa би ја искористила за да ја подмири сметката.

Новата шема за Visa ќе го поедностави процесот и ќе ги намали трошоците бидејќи благодарение на блокчеин технологијата, дигиталната валута Ethereum повеќе нема да мора да се претвора во традиционални пари.

Фото: Pixabay