Visa направи платежни ракавици за полесно пазарење

4

visa_lotte_card_wearable_glove

Фото: Visa

Компанијата Visa, во рамки на Зимските олимписки игри 2018, ќе понуди комплет NFC (near field communication) гаџети што на корисниците ќе им овозможат полесно пазарење, а како најинтересни се издвојуваат ракавиците за плаќање.

Ракавиците доаѓаат со одредена сума на пари и секој корисник ќе добие од 27 до 45 долари за пазарење во Јужна Кореја, пишува Engadget.

Како што платната индустрија сè повеќе се префрла од пластични на дигитални модели, Visa сака овој нов технолошки напредок на потрошувачите да им донесе едноставно и безбедно искуство на плаќање.