Висар Фида во Торонто на средби со компании заинтересирани за инвестирање во Македонија

48

Visar FidaДиректорот на Агенцијата за странски инвестиции и промоција на извозот, Висар Фида, денеска во Торонто ќе учествува на форумот за деловна соработка и зголемување на инвестициите, во организација на реноменираниот Атлански совет на Канада, каде ќе ги презентира потенцијалите за инвестирање во Република Македонија.

На форумот ќе гостуваат високи претставници од земјите од Југоисточна Европа и ќе ги презентираат проектите од секторите на енергетика, рударство и минерални ресурси, градежништво и инфраструктура, како и проекти во секторот на туризам.

Покрај компаниите кои се заинтерсирани за соработка, гости ќе бидат и високи претставници од владиниот сектор на Канада. Ќе има презентации за јавно приватно партнерство, проследено со сведоштва на канадски компании кои инвестираат во регионот. Главната цел на овој настан е да се промовира регионот како платформа на инвестиции за канадските бизниси.

Покрај презентациите, Фида ќе оствари бројни средби со компании заинтересирани за инвестирање во Македонија, како и високи претставници од канадската влада.

Оваа иницијатива е поддржана од Министерството за надворешни работи и меѓународната трговија на Канада (ДФАИТ) и владината институција за поддршка на извозот и инвестициите (ЕДЦ).