Vision EQS – луксузен електричен автомобил од Mercedes

369

Vision EQS е нов концепт автомобил со потпис на Mercedes, којшто го обединува спортскиот дизајн, луксузот и одржливоста, пишува Inhabitat.

Возилото има футуристички дизајн, со ентериер од кристално бел микрофибер ентериер изработен од рециклирани PET шишиња, додека мирисот е инспириран од јаворови дрвја.

Дополнително покривот е од висококвалитетен текстил, креиран од рециклиран отпад од океаните.

Vision EQS, има моќност од 469 коњски сили и забрзување од 0 до 60 за помалку од 4,5 секунди. Луксузниот автомобил може да помине 700 километри со едно полнење на батеријата, а истата се полни до 80% за помалку од 20 минути.

Mercedes-Benz има за цел во следните 20 години да обезбеди цела серија на јаглеродно неутрални автомобили.

Фото: Mercedes