Вистинскиот “волк“ од Wall Street вели дека му се симпатични “аматерски инвеститори“

36

Џордан Белфорт, инвеститор и брокер кој беше инспирација за филмот Волкот од Wall Street рекол дека му се симпатични “аматерски инвеститори“ во нивната борба со големите фондови на берзите, но ги предупредува да бидат внимателни, бидејќи “акциите што ги купуваат наскоро ќе почнат да паѓаат“.

Белфорт, кој во 1999 година поради берзански малверзации, е осуден на затворска казна, вели дека ако обичен граѓанин сака да живее од берза, ќе мора да “фаќа нож во пад“.

Со ова алудира на голем интерес за акциите на GameStop, како и зголемената побарувачка за сребро на берзите.

Фото: Facebook