Виталиа отвори електронска продавница за здрава храна

165

vitalia

Следејќи ги желбите и потребите на потрошувачите, македонскиот бренд Виталиа, кој 21 година ги снабдува домашниот и странските пазари со квалитетни и оригинални здрави производи, неодамна одлучи да ја модернизира и олесни достапноста до своите продукти преку отварање на E-Shop, електронска продавница за здрава храна.

“Динамичниот животен ритам наметна потреба од нов начин на сервисирање на нашите потрошувачи. Нашата определба да го понудиме само најдоброто, не мотивира да ја создадеме новата Vitalia електронска продавница www.shop.vitalia.com.mk каде на брз, лесен и едноставен начин, потрошувачите имаат 24 часовна можност, секој ден во неделата, да ги одберат и нарачаат своите омилени здрави производи со брендот Виталиа и тоа мусли, барови, диететски производи, сушени овошја, вегетеријански продукти и многу други“, изјави Искра Ветаџокоска – Муцунска, управител и косопственик на Виталиа.

Од 16 до 26 септември Виталиа организира промотивен период со бесплатен транспорт за сите нарачки над 399 денари. Плаќањето на нарачките ќе се извршува само по електронски пат, а доставата на селектираните производи ќе биде можна за целата територија на Република Македонија.