Витамин што може да го ублажи штетното дејство од загадениот воздух

206

Жителите на сите поголеми балкански градови се соочуваат со алармантно загаден воздух.

Сепак, Балканот не е сам кога станува збор за загадувањето на воздухот, пишува National Geographic Србија. Според податоците на Светската здравствена организација, повеќе од 90% од светската популација живее во области каде загадувањето на воздухот ги надминува границите.

Научниците долго време се сомневаат дека PM 2,5 (ситни честички во воздухот) предизвикува епигенетски промени во нашите клетки што можат да го загрозат нашето здравје.

Поради оваа причина, во 2017 година, меѓународен тим на научници спроведе клиничко испитување со цел да открие како можат да се ублажат ефектите од изложеноста на загаден воздух со ПМ 2,5 со дневни додатоци на витамин Б коишто содржат 2,5 мг фолна киселина, 50 мг витамин Б6 и 1 мм витамин Б12.

Во истражувањето учествувале десет волонтери, кои биле изложени на загаден воздух и им биле давани големи дози на витамин Б.

Резултатите од студијата откриле дека четири недели изложеност на суплементи на витамин Б го ограничува ефектот на ПМ 2,5 помеѓу 28 и 78% на 10 гениски локации. Истражувачите откриле дека слично намалување се рефлектира и во митохондријалната ДНК, делови од клетки што создаваат енергија.

Научниците сепак истакнуваат дека оваа студија има многу ограничувања, како што е мал број на субјекти, а и помалку информации за количината на витаминот Б што ја активира реакцијата и дека е потребно подетално истражување и тестирање. Сепак, резултатите од оваа студија се охрабрувачки и може да содржат клуч за намалување на загадувањето, пишува National Geographic Србија.

Фото: Pixabay